Deutsch lernen bei Kapitel Zwei Berlin
Со голема радост ја дочекав одлуката дека веднаш по мојата матура, јас со мојата фамилија ќе се селиме во Берлин.
Секако, Берлин е голем и модерен град со многу можности за успех и градењето на себеси како индивидуалец, личност. Голем предизвик беше за мене да живеам во град со 4 милиони население, двојно повеќе од мојата татковина, Македонија. Неизмерна беше возбудата на исчекување дека ќе можам да запознаам живот помодерен од досегашниот, полн со авантури и шаренило на различни култури.
Веќе подолго време ми е желба по завршувањето на средното образование да студирам детска психологија. Мојот избор веќе го направив, а тоа е студии на еден од двата најголеми универзитети во Берлин, универзитетот Хумболт. Но, секако предуслов за запишување на универзитетот е солидно владеење на германскиот јазик, Ц1 сертификат од Гете институт.
Изучување на германскиот јазик во „Kapitel Zwei“ е одличен избор. Не само што се наоѓа во непосредна близина на познатиот Alexander Platz, туку и располага со добро обучени професори и одлични методи на предавање кои ви гарантираат сигурен успех. На курсевите запознавам различни луѓе од ширум светот. Склопувам нови пријателства од различни националности и традиции.
Едно од познанствата е девојката по име Синди од јужна Франција. По карактер се најдовме многу слични. Таа е полна со топол хумор и често ги споделувавме нашите шеги со другите пријатели од групата, што го прават часот по германски поинтересен и друштвен. Секогаш сме расположени да ставиме насмевки на лицата на нашите соученици, а кога имаме одмор и пиевме кафе, тоа го шириме и на соучениците од другите групи. Брзо станавме блиски другарки и споделувавме проблеми и решениа за нив. Се подржуваме во учењето на германскиот и се мотивираме да зборуваме повеќе. И не само што го вежбам германскиот, туку имам можност со неа и со другите пријатели да го освежам мојот француски и англиски јазик.
Новите познанства ми ги отвараат очите, умот, а најмногу моето срце. Ми покажуваат како сите луѓе иако сме различни и странци, никогаш „туѓи“. Без разлика од каде потекнуваме, делиме слични искуства, работи, мисли, чувства, стравови, идеи, хумор, јазици и најбитно, желби и надеж за поубав, похармоничен, релаксиран среќен живот.
Ты хочешь успешно учить немецкий?