Како по обичај од претходните нивоа, така и овој последен час организиравме заедничко дружење со вкусување на различни јадења приготвени од страна на учесниците на курсот. Јас, со помош на мојата мајка, припремив домашна пита со сирење по македонски рецепт. Ја спакував и трагнав кон училиштето.
Кога пристигнав на час, повеќето беа дојдени и ги поставуваа своите деликатеси на масите. Училницата денеска имаше уште потопла и друштвена атмосфера, исполнета со мириси на различни вкусни јадења. Кога влезе нашата професорка, носејќи бокал полн со чај, веднаш вниманието ѝ беше одземано од прекрасните мириси во училницата. Пред да ја започнеме гозбата, секој од нас со огромно задоволство се обиде да објасни на германски јазик кои се состојките на и начинот на приготвување на јадењето кое тој го приготвил. Сите бевме многу расположени и пробувавме да се
разбереме и искажеме што е можно подобро на германски јазик, што често завршуваше во смеа. Со нетрпение чекавме да завршиме со нашата последна задача од областа на говорење германски јазик за да
можеме да почнеме со вкусување на јадењата. Но, со добра мотивација се е можно! По вкусната гозба, дружењето го продолживме со играта „Табу“, каде што еден се обидува да објасни замислен збор, а другите треба да го погодат. Мојот тим победи. Со многу шеги и игри часот брзо одлета.
По часот решивме нашата дружба да ја продолжиме на Божиќниот пазар (Weihnachtsmarkt) на плоштадот Александар (Alexanderplatz). Уживавме во прошетката низ шареноликите тезги со различни продукти и специјалитети; секакви врсти на кашкавали, месо, леб, бомбони, чоколади, вина, итн. Имаше тезги каде што се продаваа различни уметнички ракотворби, слики, украси и фигури. Атмосферата беше весела, празнична, светла, полна со луѓе кои ги вкусуваат германските специјалитети, а особено типичниот
Каривурст (Currywurst) со добро пиво. Некои пак се забавуваат на рингишпилот, некои играа наградни игри, а некои пак се лизгаа на мраз. Ние решивме да седнеме и да се напиеме топло вино (Gluhwein), слушајќи ја германската празнична музика.
Додека седевме, запознавме друга група млади луѓе, кои исто така зборуваа на различни јазици од различни земји. Ни беше предизвик да зборуваме на германски јазик меѓусебно. Но на крај сите се смевме и ни беше мило што го тргнавме стравот на страна и направивме нови познанства.
Со добро друштво времето секогаш минува побрзо. Се почуствував веќе уморна. Тоа беше долг, но многу интересен ден пол со возбуда и џагор од луѓе. Во очекување утрешниот ден во Берлин да ми донесе нови авантури, ви праќам топли поздрави на сите.
Ты хочешь успешно учить немецкий?