Ein Tag in Berlin

Kapitel Zwei Berlin Ein Tag

Беше едно убаво утро во Берлин кога еден златен сончев зрак го погали мојот образ и ме разбуди. Штом се расонив си направив здрав доручек, полн со овошје, и пуштив телевизија за да го слушам германскиот јазик. Тоа ме потсети на домашната за курсот по германски, во Kapitel Zwei, која не ја напишав. Бидејки беше толку убав сончев ден, решив да излезам надвор да ја напишам домашната и истовремено да го искористам сонцето пред да дојде ладната и мрачната Берлинска зима. Се спремив го земав мојот велосипед и излегов. Возејќи накај училиштето видов многу различни и интересни луѓе. Некои од нив се брзаа за на работа, некои беа туристи и се сликаа пред различни споменици и згради, а некои пак, исто како мене, уживаа во сонцето. Минувајќи преку мостот внимание ми привлече преубавата гледтка на каналот и старите бродови кои сеуште стојат закотвени таму. Под мостот поминуваше брод полн со туристи меѓу кои можеше да се забележат неколку весели детски рачиња кои мафтаа. Си купив кафе и седнав на една клупа пред телевизиската кула на Александар платц. Ги извадив книгите и почнав да пишувам. После некое време до мене седна едно момче кое исто така во раката држеше кафе. Тој забележа дека го учам германскиот јазик и ме праша да не ми треба случајно помош, или пак ако сакам да повежбам низ разговор со него. Со задоволство ја прифатив понудата. Времето во добро друштво брзо одминува. Веќе беше 11:55. Доцнев за на час. За среќа Kapitel Zwei е одалечен од кулата само 2 минути возење велосипед. Се поздравив со мојот нов пријател, се качив на велосипедот и тргнав. Стигнав точно на време. Првата задача беше да раскажеме што сме направиле утрото пред да дојдеме на час. Супер. Не само што имав што да раскажам туку и со задоволство зборев за моето ново познанство. Мислата лесно ми течеше и речениците лесно ги градев поради утринската вежба, средба. Професорката беше изненадена, а дури пак и јас. Тоа беше еден посебно интересен ден. Градот Берлин е авантури и изненадувања. Не е можно да се предвиди кого или што ке сретнеш правејќи ги секојдневните обврски, како на пример одејќи на курс по германски. Убавината на Берлин никогаш нема да ве разочара.

Ты хочешь успешно учить немецкий?